Photos: Dzvonko Plavevski, 07.08.2025
ЗАВРШИ 20. АСТЕРФЕСТ
На петтиот и последен ден од 20. „Астерфест“, со почеток во 20:30 ч., во Амфитеатарот во Струмица се прикажаа наградените филмови.
Во чест на наградените, се прикажа и актуелниот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов, кој одговараше на прашања од публиката, а специјална проекција во чест на Емил Рубен имаше среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов.
Жирито на 20. „Астерфест“, составено од филмските автори Клара Дошлов, Сезер Салихи и Ице Виранов, едногласно ја донесе одлуката за овогодишните филмови кои беа во натпреварувачката селекција.
Гран при за најдобар краток филм доби холандскиот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам. „Златната потковица“ ја доби македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски. „Сребрената потковица“ ја доби полско-францускиот „Сок од портокал“ на Александар Атане. „Бронзената потковица“ ја доби францускиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадун и Софијан Шуеб. Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев" ја доби хрватскиот „Самотија“ по сценарио на Боби Грубиќ и Миро Гавран. Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби швајцарско-македонскиот „Турбо-нет“ на Надежда Панов. Специјални признанија од жирито добија македонскиот „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и британскиот „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска. Наградата од публиката ја освои британско-полскиот „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер.
Наградите ги примија дел од присутните автори, а во име на филмот „Јас не сум робот“, Гран прито го прими амбасадорката на Холандија во Македонија Н. Е. Узлем Џанел.
Во текот на фестивалските денови, гостите имаа филмска посета на Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса, а во „Јуроп хаус“ се одржа и промоција на новото коло од едицијата филмолошка и уметничка литература, на која зборуваа Зоран Стефановиќ, Мимоза Рајл, Сузана Мицева и Софија Тренчовска.
Пред самиот крај на Фестивалот, режисерот и сценарист Милчо Манчевски, лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм, на сетот од снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“, ја прими наградата од основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски.
Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ оваа година се одвиваше под мотото „Филмски крстопати“ и беше поддржан од Општина Струмица.

ОТВОРЕН 20. АСТЕРФЕСТ
Вечерта на 6 август, во НУЦК „Антон Панов“, во присуство на видни гости и љубители на филмот, се отвори јубилејното 20-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.
На самото отворање беше македонската премиера на краткометражниот оскаровец „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам и на „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер, добитник на БАФТА.
Модераторот на вечерта, Сузана Мицева, рече дека „Астерфест“ не е само фестивал на кој се прикажуваат филмови – тој е платформа за авторите кои заслужуваат да бидат слушнати и видени, за приказните кои нè трогнуваат, нè провоцираат, нè менуваат и секој филм што ќе го видиме на овогодишното издание е резултат на нечија посветеност, визија, но и борба да се остане верен на себе. Таа ја прочита и пораката на градоначалникот Костадин Костадинов, во која тој го истакна местото на „Астерфест“ како манифестација што со својата автентичност и креативност стана еден од клучните белези на културната сцена во Струмица и вети продолжување на поддршката, како доказ за заложбата на Општина Струмица за развојот на културата и уметноста.
Емил Рубен, добитникот на специјалната награда, плакета на „Астерфест“ за долгогодишни врвни актерски остварувања во македонскиот и балканскиот филм и еден од нашите најмаркантни актери, со возбуда евоцираше спомени од неговото плодно 70-годишно филмско искуство и зборуваше за неговиот посебен респект кон Струмица, како град на значајни личности и творци. Плакетата му ја врачи основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски.
На 5 август претпладне беше традиционалната посета на филмските гости во Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.
По врнежливото време првиот ден, вечерните проекции продолжија да се одвиваат во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица. Се прикажаа балканската премиера на „Самотија“ на Бошко Боби Грубиќ, „Сок од портокал“ на Александар Атане, „Браќа по застава“ на Пеп Стојановиќ, „Лаеж“ на Бранислав Милатовиќ, „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска, како и изборот од македонската продукција, меѓу кои „Амра“ на Васил Христов, „Избор“ на Марко Црногорски, „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и „Турбо-нет“ на Надежда Панов.
На 6 август, со почеток во 11:00 ч., во „Јуроп хаус“ се одржа и промоција на новото коло од едицијата филмолошка и уметничка литература „Словенски Орфеј“, на која ќе зборуваат и Зоран Стефановиќ и Мимоза Рајл, а следната вечер во 20:30 ч., по прогласувањето на наградите од жирито во состав на филмските автори: Клара Дошлов, Сезер Салихи и Ице Виранов, имаше специјална проекција на дигитализираната копија од Кинотеката на Македонија на среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов, во чест на Емил Рубен и како одбележување на 25 години од снимањето.
Струмичкиот „Астерфест“ траеше од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, посветен, како и секогаш, на авторскиот филм.

Press Realise, 15.07.2025 (MK/EN version)
Full Programme
|
| |||||||||||||
П о д д р ж а н о о д
О п ш т и н а С т р у м и ц а
О п ш т и н а С т р у м и ц а
We are the longest-running specialized short & doc & auteur film festival in RN Macedonia.
"AsterFest" has been invented globally and created by Goran Trenchovski as an author. "AsterFest" and its logo are registered trade marks.
"AsterFest" is a projected activity of the Association for Culture & Arts ASTERFEST FILM FESTIVAL Strumica, which is a registered organisation established for promotional, educational, and non-profit purposes.
Official email: [email protected]
Corporate email: [email protected]
Copyright © 2005-2025. All rights reserved.