СО КРЕНАТИ РАЦЕ | WITH RAISED HANDS
Сценарио и режија | Screenplay and Director: Митко Панов | Mitko Panov (POL, 1985, 6’) Вистинита приказна за холокаустот, фиктивна ре-креација на еден вистински настан: депортацијата на Евреите од Варшавското гето во април 1943 година. Филмот ги замислува моментите пред и по снимањето на познатата фотографија од Втората светска војна, на која се прикажани жена и дете со кренати раце, дел од жртвите Евреи. Ова е студентски филм на Митко Панов, снимен во полска продукција, и освои повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и „Златната палма“ за најдобар краткометражен филм во Кан 1991. A true story about the Holocaust, a fictional re-creation of a real event: the deportation of the Jews from the Warsaw Ghetto in April 1943. The film imagines the moments before and after the famous photograph from WW2 depicting a woman with a child with their hands raised, as the are being deported. This is Mitko Panov’s student film, a Polish production, that was awarded many international awards including the Palme d’Or for the Best Short Film in Cannes in 1991. edit. |
ЛИФТ ГОРЕ, ЛИФТ ДОЛУ | AN ELEVATOR UP AND DOWN
Режија | Director: Наумовски Душан | Dushan Naumovski Сценарио | Screenplay: Ташко Георгиевски | Tashko Georgievski (MKD, 1967, 14’) Содржина: Група деца наоѓаат простор за игра помеѓу недоизградени станбени куќи и цигланата, градејќи свој свет во неисцрпните можности што ги нуди нивната фантазија. Нивната игра, радоста и смеата, му пречат на чуварот на градилиштето, а тоа значи и крај на играта. A group of children has found a place for playing among the unfinished apartments and the brick plant. They are building their own world that only children can imagine. The child's play, joy and laughter disturb the building site's watchman, which means the end of the play. |