ASTER SHORTS 2023
3 геНАРАЦИИ
Паулина Зиулковска 3 geNARRATIONS Paulina Ziółkowska (POL, 2021, 8’ 30’’) Се раѓа дете. Ќерката станува мајка. Мајката станува баба. А бабата... таа само сака да умре. Генерациите се сменуваат. Членовите на семејството треба да влезат во нечии туѓи чевли. Чекор напред во нивните идни улоги. Но дали го прават тоа? Дали е тоа чекор кој едноставно се прави, или е покана за генерацискиот танц? Еден чекор напред, два назад, за да не станеш како твојата мајка. A child is born. A daughter becomes a mother. A mother becomes a grandmother. A grandmother… she just wants to die. Generations shift. Family members need to step into someone else's shoes. Step forward into their future roles. But do they? Is this a step one simply makes, or an invitation to a generation's dance? One step forward, two steps backward to escape becoming your own mother. |
ИРСКО ЗБОГУМ
Том Беркли и Рос Вајт AN IRISH GOODBYE Tom Berkeley & Ross White (GBR, 2022, 23’) На фарма во рурална Северна Ирска, отуѓените браќа Турлог и Лоркан се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка. Но кога двајцата ќе го откријат неостварениот список на желби на нивната покојна мајка, нивното болно зближување добива поинаква насока. On a farm in rural Northern Ireland, estranged brothers Turlough and Lorcan are forced to reunite following the untimely death of their mother. But when the pair discover an unfulfilled bucket list belonging to their late mum, their pained reunion takes an altogether different course. |
ГАВРАНКО
Шон Меккерон CORVINE Sean McCarron (CAN, 2022, 10’ 30’’) Едно ексцентрично момче не може да се вклопи во училиште поради неговата опсесија со гаврани. An eccentric boy has trouble fitting in at school due to his obsession with crows. |
ЗА СКЕПТИЦИТЕ
Дон Вестлејк FOR THE SKEPTICAL Dawn Westlake (USA, 2022, 3’ 14’’) „За скептиците“ истражува што претставува вистина во нашите медиумски заситени, политички и автократски општества. “For the Skeptical” interrogates what constitutes truth in our media-saturated and politically autocratic societies. |
ЕЖ
Д. Митри HEDGEHOG D. Mitry (USA, 2022, 17’ 9’’) Кога започнува војната во Украина, шестгодишната Нина е пратена во едно далечно село, кај баба ѝ. Надвор, до куќата, Нина открива тешко ранет руски војник. As the war starts in Ukraine, six years old Nina is sent to her grandma’s remote village. In the shack outside, Nina discovers a badly wounded Russian soldier. |
ПОМОШ
Мехди Хосеинзадех HELP Mehdi Hosseinzadeh (IRN, 2022, 4’ 11’’) Додека го поминува патот, едно куче е удрено од автомобил, но возачот си продолжува без оглед на повреденото куче. Додека кучето лежи покрај патот, неколку други автомобили поминуваат без да му обрнат внимание, сѐ додека еден автомобил не застане да му помогне. Но тој му помага на посебен начин. A dog crashes into a car while crossing the road, and the driver continues on his way regardless of the injured dog. During the time that the dog is lying on the side of the road, several other cars pass by without paying attention to the injured dog, until a car stops to help the dog. But he helps the dog in a special way. |
ТРГОВЦИ СО МРАЗ
Жоао Гонзалез ICE MERCHANTS João Gonzalez (PRT/FRA/GBR, 2022, 14’) Секој ден, таткото и неговиот син скокаат со падобран од нивната вртоглаво висока и студена куќа, прицврстена за карпа, за да слезат на земја, во далечното село каде што го продаваат мразот што секојдневно го произведуваат. Every day, a father and his son jump with a parachute from their vertiginous cold house, attached to a cliff, to go to the village on the ground, far away, where they sell the ice they produce daily. |
ИВАЛУ
Андерс Валтер, Пипалу К. Јергенсен IVALU Anders Walter, Pipaluk K. Jørgensen (DNK, 2023, 16’ 44’’) Ја нема Ивалу. Нејзината помала сестра очајно ја бара. Нејзиниот татко не презема ништо. Бескрајната гренландска природа крие тајни. Каде е Ивалу? Ivalu is gone. Her little sister is desperate to find her. Her father does not care. The vast Greenlandic nature holds secrets. Where is Ivalu? |
ЖИВОТ ВО МЕУР
Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов LIVING IN A BUBBLE Natalie MacMahon & Nikola Drvoshanov (DEU/MKD, 2021, 7’ 43’’) Двајца странци, кои живеат во меур што самите си го создале, не дозволуваат да се поврзат со ништо и со никого. Меѓутоа, благодарение на нивната имагинација и силна волја, тие успеваат да излезат од изолацијата и да се отворат кон светот... When two strangers feel isolated in the big city, they soon realise that their imagination is able to bring them anywhere they would like to go, despite all the obstacles of modern society. |
ЛУКА
Ице Виранов (MKD, 2023, 29’ 50’’) LUKA Ice Viranov Режијa и монтажа: Ице Виранов по сценарио на Џејд Бинева Кинематографер: Столе Ангелов Камера: Иво Јанков Музика: Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров Продуценти: Никола Пијанманов и Васил Михаил Продукција: Здружение за култура - Транзен Филмот „Лука“ го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена, се борат да најдат начини за израз на својата музичка креативност и иновативност. A group of young musicians, from a small town in the heart of the Balkans, struggling through the endless societal transition, are finding innovative ways to express their talents. |
ШТИПЕЊЕ
Eми Патмор и Ана Дворак (AUS, 2023, 8’ 52’’) PINCH Aimee Patmore & Anna Dvorak Cast: Aimee Patmore, Vicki Gard, Ava Jones, Isabella Conti-Morato Director: Aimee Patmore Writers: Aimee Patmore & Anna Dvorak Producer: Anna Dvorak Director of Photography: Annalise Kafetzi, Production Designer: Ruby Swain, Editor: Timothy Hadwen, Sound, Designers: Julian Oliver, John Hresc, Music Composer: Sophia Christopher Ученичка во последна година од средното училиште се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството. A student in her final year of high school battles a silent illness, which she hides from her mother, as she continues to be quietly overwhelmed by the pressures of family, peers and society. |
ШЕКСПИР ЗА СИТЕ
Ханес Рал SHAKESPEARE FOR ALL AGES Hannes Rall (DEU, 2022, 2’ 42’’) Шекспировите дела се безвременски – овој филм го докажува тоа! Режисерот и уметник Ханес Рал успева да ги прикаже најпознатите Шекспирови драми на веднаш препознатлив начин, со поединечни слики кои динамично се прелеваат една во друга. Прониклива, забавна и доследна почит кон Шекспир во околу 3 минути. Shakespeare's works are timeless - this film proves it! Filmmaker and artist Hannes Rall succeeds in depicting Shakespeare's most famous plays in an immediately recognizable way with individual images that flow dynamically into one another. A smart, entertaining and coherent Shakespeare homage in about 3 minutes. |
ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА
Анастасија Лазарова Пилинг THE SOUND OF SILENCE Anastasija Lazarova Pilling (MKD, 2022, 25’ 45’’) Овој документарен филм има за цел со својата визуелна и сугестивна моќ да го отвори екранот кон една топла, реална животна приказна за малото момченце Драган и неговите звуци во тишината. Приказната го допира секој дел од рационалната страна на животот, збир од фрагменти што пленат со својата суштина. This documentary aims with its visual and suggestive power to open the screen to a warm real-life story of the little boy Dragan and his sounds in the silence. This is a story that touches every segment of the rational side of life, a sum of fragments that captivate with their essence. |
УШТЕ ЖИВ
Лијам Сент-Пјер STILL ALIVE Liam Saint-Pierre (GBR, 2023, 6’ 35’’) Стјуарт Робинсон е ветеран во Британската кралска авијација, кој служел четирипати во Авганистан. Четвртиот пат, во 2013, е оној што му го променил животот. Stuart Robinson is a British Royal Air Force veteran, who served four tours of Afghanistan. It was that fourth tour, in 2013, that changed his life. |
ТАЛЕ И КОРОНА
Томислав Алексов TALE AND CORONA Tomislav Aleksov (MKD, 2022, 23’ 17’’) „Тале и Корона“ е приказна за издржливоста на човековиот дух во време на пандемија. Малиот Тале (8), голем вљубеник во филмската уметност, е заразен со корона-вирус и се бори за својот живот. Користејќи ја моќта на филмските ликови што ги обожавал во животот, собира сили и се бори со болеста. Самовилата Корона му помага и станува негов пријател. This is a story about the resilience of the human spirit during a pandemic. Little Tale (8), a big fan of film art, is infected with the coronavirus and is fighting for his life. Using the power of the movie characters he adored in life, he gathers strength and fights disease. The fairy Corona helps him and becomes his friend. |
ЗАДАЧА
Дејан Ангелов TASK Deyan Angelov (BGR, 2022, 9’ 35’’) Една мајка треба да ја подготви младата ќерка за непосредната трагедија. A mother has to prepare her young daughter for an imminent tragedy. |
КАЖИ МИ ДЕКА СМЕ ЗА СТВАРНО
Максим Илковски TELL ME WE'RE FOR REAL Maksim Ilkovski (MKD, 2021, 14’ 43’’) Две девојки планираат да добијат потврден одговор од своите „не толку сигурни“ дечковци, за тоа дека се сериозни за нивната врска. Меѓутоа, на момците воопшто не им се брза. (Овој филм на Илковски е специјализантски филм по филмска и ТВ-режија.) Two girls plan to get an affirmative response from their “not so sure” boyfriends, that they are serious about their relationships. The guys although, don't feel like rushing anywhere. (This is graduation film.) |
ДЕБИТАНТКАТА
Елизабет Хобс THE DEBUTANTE Elizabeth Hobbs (GBR, 2022, 8’) Една енергична млада жена убедува хиена од Лондонската зоолошка градина да го заземе нејзиното место на забавата што се одржува во нејзина чест. Планот бара многу имагинација и суровост. Базиран врз нарација на уметницата Леонора Карингтон, Елизабет Хобс ја пренесува нејзината запрепастувачка приказна преку боја и колаж. A spirited young woman persuades a hyena from London Zoo to take her place at a dinner dance held in her honour. Their plan requires a surprising amount of artistry and violence. Based on a story by artist Leonora Carrington, Elizabeth Hobbs celebrates her startling tale with paint and collage. |
ТАТКОТО, СИНОТ И РАВ КАЛМЕНСОН
Дајан Д. Валид THE FATHER, THE SON AND THE RAV KALMENSON Dayan D. Oualid (FRA, 2023, 15’) Јоел (30) е она што во 90-тите го нарекуваа „Лубавич“, православен Евреин. Тој секоја сабота наутро, заедно со неговиот 6-годишен син, оди да му оддаде чест на Шабат во синагогата во неговото соседство, во основното училиште наместено за таа пригода. Тој ден, рабинот на зедницата од приврзаници, Рав Калменсон, импресивен човек со харизма и долга брада, ќе го предизвика Јоел соопштувајќи му дека неговиот син „осветлува“. Yoel, 30, is what was called in the 90s a “Lubavitch”, an Orthodox Jew. Every Saturday morning, he goes, accompanied by his 6-year-old son, to honor Shabbat in the synagogue in his neighborhood, a primary school set up for the occasion. That day, the rabbi of the community of devotees, Rav Kalmenson, an impressive man with his charisma and his long beard, will challenge Yoel by announcing to him that his son “is lighting up”. |
ЛЕГЕНДАТА ЗА ЗЛАТОРОГ
Леа Вучко THE LEGEND OF GOLDHORN Lea Vučko (SVN, 2022, 13’ 35’’) Еден ловец тргнува кон планините за да си го залечи скршеното срце. На тој пат не може да ги избегне визиите на неговата сакана, која го оставила. Како што го губи умот, неговата темна страна оживува. Сенката го води во лов на митскиот Златорог и на крајот – кон неговата смрт. Направен врз основа на словенечка бајка, овој филм е приказна за алчноста и за нашиот однос кон природата. Музичката партитура е создадена од традиционални словенски инструменти. A hunter heads out to the mountains to mend his broken heart. On his way, he can’t escape the visions of his lover who left him. As he loses his mind, his dark side comes to life. The shadow guides him to hunt the mythical Goldhorn and ultimately leads him to his demise. Based on the Slovenian folktale, a story about greed and our relationship towards nature. Musical score made with traditional Slavic instruments. |
НОВИОТ ПОЧЕТОК
Тања Симоновска (MKD, 2020, 18’) THE NEW BEGINNING Tanja Simonovska Дипломски филм работен според адаптирано сценарио врз основа на вистински настани. Зборува за младата 23-годишна девојка Ана, која по една година од смртта на нејзините родители се сели во Скопје. Таму се обидува да го почне својот нов живот, да пронајде работа и живеалиште. Таа е артист, жонглира со хулахоп, но нејзината цел е да пронајде добро платена работа, неповрзана со уметноста. Нејзината нова авантура во главниот град ја носи на ризични и опасни места. На крајот, таа сепак одлучува да се врати на своите корени. Graduation film with an adapted screenplay, based on true events. Tells the story about the life of a young girl (23) Anna, who after one year after the death of her parents, moves to Skopje. There she tries to start her new beginning, risking, and searching for a job and a place for living. She is an artist and juggler on a hula-hoop, but her purpose is to find a well-paid job, which is not connected with art. The new adventure in the capital city leads her to happy and extremely dangerous places. In the end, she goes back to her roots. |
СЦЕНАРИОТО
Александра Кардалевска THE SCRIPT Aleksandra Kardalevska (MKD, 2023, 15’) Неколку познати ликови од литературата заталкуваат во фантастичниот свет на „Сценариото“, исполнет со мистериозни ситуации и егзистенцијални прашања. Several world-famous novel characters get lost in the fantastic world of “The Script” filled with mysterious situations and existential questions. |
ПРОЦЕНТИ ЖИВОТ
Владимир Перовиќ PERCENTS OF LIFE Vladimir Perović (MNE, 2023, 18’ 40’’) Света статистика. Егзактност. Дали броевите и процентите се вистински одраз на стварноста!? Може ли статистиката да го изрази животот!? Да ги изрази животот и стварноста во едно општество?За да се приближиме кон одговорот ни помагаат стаклените фасади на модерните згради, на современиот живот. Дали одразот во нив е поблиску до стварноста и животот отколку што се сликите на Пикасо или Дали!?.. Holy statistics. Exactness. Are numbers and percentages a true reflection of reality!? Can statistics express life!? Life and reality of society?The glass facades of modern buildings and modern life help us to get closer to an answer. Are the reflections in them closer to reality and life than the paintings of Picasso or Dali...!? |