М Е Ѓ У Р Е А Л Н О С Т А И К Р С Т О П А Т И Т Е
Интервју со Горан Тренчовски, основач и директор на „Астерфест“
Интервјуирала: Сузана Мицева

С.М. Две декади растење на филмскиот фестивал „Астерфест“, градење филмска култура и традиција. Како се чувствувате дваесет години по започнувањето на оваа идеја?
Г.Т. Како вчера да беше зимата 2004/5, пред самиот дочек на студената Нова година. На таа тогаш доволно „луда“ и „утописка“ идеја за нов, поинаков македонски интернационален филмски фестивал, кога се знаеше само за Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, му претходеше моето раководење со Фестивалот „Ристо Шишков“ во 2001 и 2002 година. Тогаш во Кино „Балкан“ го свртевме декалогот филмови со патронот, сите во коишто играл Ристо Шишков, нешто што на ниедно место се немаше случено дотогаш. И така, во напливот од сосема нови идеи и концепти, среде топлиот дом, со егзистенцијална нестабилност, опколени од радосниот плач на бебето Лука, со сопругата Софија одлучивме да влеземе во потфат кој тогаш повеќето го нарекуваа невозможен. Покренавме иницијатива, го основавме и регистриравме официјално „Астерфест“, го обзнанивме на пријатели и познајници и тргнавме – со јасна визија. Адресата на седиштето прво ни беше во Скопје, а потоа ја префрливме во Струмица. Првите години „Астерфест“ немаше финансиски средства и беше несебично поддржуван од добри луѓе, спонзори и неколку индивидуални и институционални субјекти од градот. Тој ентузијазам и волонтеризам беше неповторлив и со огромна благодарност се сеќавам на сите.
На првото, пилот-фестивалско издание, му претходеше една филмска сеанса во ресторанот „Ловиште“, под наслов „Старите ѕвезди на новиот екран“, поддржана од фондацијата „Про Хелветија“. Токму тогаш, всушност, ја зачнавме тивериополската филмска платформа која трае до ден-денешен.
Првиот плакат го изработи Марјан Захов Пецев, прва интернет-логистика ни дадоа Зоран Стефановиќ и мрежата „Растко“ од Белград, прв фотограф беше Владо Плавевски, со кого често се возевме на релација Струмица – Скопје, а првата рецензија беше од Гоце Ристовски, под наслов „Новомилениумскиот филммејкер“, во која напиша: „...На културната мапа на Македонија е инсталирана уште една меѓународна културна манифестација... Во градот под Беласица бравурозно ги најави својот почеток и амбициозните цели кон кои се стреми...“ Дејан Трајкоски го направи првото интервју со мене, во кое провејуваше слоганот „Блесна Астерфест“. Набргу поддршка дадоа и Илинденка Петрушева, Атанас Чупоски, Владимир Ангелов и Кинотеката на Македонија (Весна Масловариќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Бошко Грујоски, Игор Старделов, Петар Волнаровски), потоа Влатко Галевски, Гена Теодосиевска, Сунчица Уневска, Омар Абу ел Руб, Астрид Бусинк и многу други... Помагаа, пред сè, автори, глумци, новинари, драматурзи, ликовни уметници, поети, филмаџии – почетници и ветерани, културни активисти, добронамерници. Од институциите вратите ни ги отворија и Народна техника, благодарение на Зоран Узунов, каналот ВИС и други медиуми, локални граѓански здруженија, како и неколкумина колеги од Македонската телевизија, каде што тогаш бев вработен. Сигурни финансии речиси и немаше. Министерството за култура првите две години нѐ одбиваше. На второто издание ги воведовме Потковиците како филмски награди, а ја востановивме и наградата „Астер“, чијшто прв добитник беше доајенот Бранко Гапо. Ги воведовме и наградите „Ѓорги Абаџиев“ и „Ацо Алексов“ (Никола Пијанманов изработи уникатни статуетки за „Астерфест“, промовирани неодамна). Веќе на отворањето на третото издание Благоја Куновски поентираше: „Со ‘Астерфест’ е создаден филмскиот фестивалски триаголник, кому му недостасуваше токму оваа синеастичка и жанровска катета“.
А низ сите овие години наш постојан и најверен поддржувач останаа Општина Струмица и префинетата струмичка публика.
Оваа сезона влегуваме во одбележување на 20-годишнината од поставувањето на камен-темелникот на „Астерфест“. Чувствата се измешани. Секако дека преовладува задоволството од сработеното. Да, имаше и мали осцилации, епидемии, надминувања на кризите, мали разочарувања, техничко-админстративни соработки со други субјекти, препознавања на нелојалностите, преструктуирања, ресетирања. Креативното јадро на „Астерфест“ оформено пред точно две децении е цврсто и стабилно цело време, непрекинато. Како релативно малубројна, но вредна екипа, упорно одиме по истата траса, со единствена цел: да одржуваме што поквалитетни фестивалски изданија.
Работиме на зајакнување на брендот и целосна заштита на концептот. И според тоа што го правиме, покажуваме и докажуваме дека по многу нешта сме биле на врвот, а заслугата е заедничка. Благодарен сум на сите.
С.М. Што може да се очекува за јубилејното издание во 2025? Како ќе биде одбележано дваесетгодишното прикажување филмови под ѕвезденото небо на Струмица?
Г.Т. Главно сме мошне рационални и економични и секогаш се држиме во рамките на финансиските можности. Но според кажувањата на хроничарите и публиката, деновите на „Астерфест“ се вистински празник во градот и во целиот регион. Секако би сакал тие и оваа јубилејна година да се чувствуваат исто така посебно и барем малку да го осетат свечениот призвук. Сепак, програмската понуда ќе зависи од можностите и средствата.
Ќе биде достоинствено и со мера, со богата програма како и секогаш. Очекуваме високи гости, звучни имиња од нашата сфера. И секако, нови и убави филмови, придружни настани и – нашата верна публика.
Најважното е дека е сочуван манифестот на „Астерфест“ и дека тој ни е должност, обврска и заповед кон наследството и иднината. Факт е дека филмските автори кои се родени, живеат во нашиот најстар дел од европската цивилизација или потекнуват од тука некаде, веќе имаат свој поразличен филмски полигон на презентација и натпревар. Со нив се и сите други, странци или домашни, кои со насушно парче филм ја поддржуваат оваа манифестација. „Астерфест“ во сите свои изданија ја профилираше целта да ја регистрира, афирмира и овековечи вредноста на делата со потпис на новомилениумскиот филмски автор. Затоа е и прв македонски фестивал на авторскиот филм, на краткиот игран, на креативниот документарен и на анимираниот филм. (Но повремено прикажуваме и среднометражни и долгометражни филмови.) Струмица, постојаното прифатилиште на немирните уметнички духови под тромеѓето на фактографскиот и имагинарниот астерионски свет, е домаќин на блескави визуелни случувања. Во сите овие зачекорувања, над 70 држави дадоа свој прилог со илјадници кратки и долги проектирани содржини.
Балканот нема граници, а Светот е на дофат, како и ѕвездите.
Со среќа, верба и надеж – кон светлината.
И со галоп на ат кој веќе ја разбрал пораката на нашите предци.
Да се биде и да се опстои, да се остави трага.
На бројни начини, низ разни порти.
Влез во предворјето на Царството на подвижните слики.
Со новите технологии, со мудра и убава мисла.
Така некако би сакал да веруваме во иднината на филмската уметност, или помодерно кажано, аудиовизуелната уметност, во којашто се инкорпорирани и видеото и телевизијата, и сето она што како интермедијален облик произлегува од нив. Да имаме верба онака како што сме длабоко уверени во трајното архивирање и зачувување на фотоалбумите и видеотеките, во нашите домови и храмови на визуелната меморија. Сигурно е дека филмската уметност допрва ќе иницира нови, позитивни импулси во свеста на современиот човек. Како автори кои потекнуваме одовде, од древната матица на денешна Европа, треба да веруваме исконски и во објективот на публиката. Низ него, со продор на ѕвездена прашина, поминува снопот на нашето наследство. Како што галаксиите на небото од памтивек пулсираат, така и животот на екраните го има во изобилство. Да ѝ овозможиме на публиката да го види невидливото!
С.М. Дали си направивте рекапитулација – што би издвоиле како најсјајни моменти, а кои се најтешките на „Астерфест“ од 2005 година досега?
Г.Т. Мотата се тематска водилка на астерфестовските изданија и тие ни се своевидна ориентација во океанот од манифестации кои се намножија, од кои повеќето наликуваат на нашиот. На почетокот се восхитувавме на откривањето и освојувањето на нови кинематички и мултимедијални пространства. Потоа дојдоа мотата „Безгранични филмски видици“, „Југоисточни приказни“, „Евро-атлантски филмски патоказ“, „Струмица – отвореност – креација“, „Одисеја 2012“, „Зад деветтото платно“, „Ново и старо“, „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“, „Мали приказни – голем ум“, „Меѓу фактот и фикцијата“, „Кратки резови“, „Движења. Патеки.“, „Нови мотивации“, „Светлините на астерот“, „Со нови искуства“, „Кинореалност ’24“ и претстојното – „Филмски крстопати“. Секоја година се радуваме на новите филмови и на авторите кои со нас споделуваат дел од нивните сништа.
Од досегашната работа имаме огромна и сериозна архива на реализирани активности од која треба да се учи, која треба да се почитува, но и да се надградува. Ние и досега требаше без исклучок да добиваме постојана поддршка од државните културни институции, а не на секој нов конкурс постојано да се докажуваме и да се бориме за средства. Но, вистината е таква. Ме погодува и извртувањето на фактите. Ако во 2008 г., кога започна да работи националниот Филмски фонд, ние бевме на листата од три фестивали (покрај битолскиот и скопскиот) кои беа поддржувани, во последно време сѐ повеќе сме изоставани од таа поддршка.
Во 2017 г., по повод неправдите околу еден мој филмски проект („Златна петорка“), јавно проговорив за филмските мафии кај нас. За жал, тоа ми се одрази на професионален план и останав без ангажман како режисер, едноставно не ми одобруваат да снимам ниту една минута со државна поддршка, иако конкурирам со врвни сценарија. Слично нешто доживеа и Милчо Манчевски откако укажа на неправилности во Агенцијата за филм. Не знам како тоа да се објасни: реваншизам, закана, одмазда, замолчување? Коруптивниот административен систем сѐ повеќе ги отежнува конкурсите, а со тоа уште на стартот ги елиминира авторите кои наводно не исполнуваат некакви бирократски критериуми, со што отвора можност за спроведување на негативна селекција на „неподобните“ и „поинаквите“ кои некојпат се, всушност поуспешните и подобрите. Но очигледно таквите пречат во оваа средина. Востановените критериуми на конкурсите за поддршка како да се скроени дискриминаторски и понекогаш се косат со законите за индустриска сопственост и авторски права и против нелојалната конкуренција. И затоа многумина се сомневаат дека конкурсите се „наместени“. Чудно, при таквите погрешни евалуации, грев е ако се декларираш дека си независен. Ако сакаш да оствариш квалитет, мора да истраеш и опстоиш единствено на посветен начин, без пристрасности. Едноставно, треба да се цени одржливоста и оригиналноста на концептот, да не се толерираат плагијатизми и непотизми, и да не се делат уметниците (а со тоа и припадноста на фестивалите) на вакви, такви или инакви. Но за жал, примитивизмот и неофашизмот се дојдени и кај нас, откако сомнителната транзиција ширум му ја распосла одората на нечестивиот и му даде легитимитет.
Со доаѓањето на великаните и прикажувањето на нивните авторски филмови, ние на „Астерфест“ докажавме дека ништо не е неостварливо. Сите досегашни реализирани активности, кои ги има многу, докажуваат дека се работело со јасна визија и концепт и сите овие години сме извршиле огромно влијание врз едукацијата на филмската публика. Од една страна е остварена мисијата, но од друга страна, ако сакате да одите понатаму и да остварувате уште поголеми придобивки, треба манифестацијата да биде вистински валоризирана и поддржана од највисоките државни институции. Странските гости кои доаѓаат на „Астерфест“ се секогаш воодушевени од професионализмот, организацијата и благопријатната креативна атмосфера што ја доживуваат на фестивалот и секогаш се зачудени од фактот како од толку малку успеваме да направиме толку многу. А така е затоа што самите себе пожртвувано сме се вложиле, сакајќи да оставиме нешто вредно и долготрајно за овој град и за нашата татковина.
С.М. Како изгледа предизвикот да се создаде програма за еден фестивал? Ви помагаше ли некој на почетокот, имавте ли ментор или се движевте по некој личен опит и интуиција?
Г.Т. Секоја година понудата на филмови е различна и затоа обликувањето на програмата е различно. Се трудам да ги донесам најновите и најактуелните филмски остварувања и, секако, да ги задоволам барањата на публиката.
Многу пропатував и сѐ уште номадски егзистирам, а еден голем човек еднаш ми рече дека само ако се биде чесен и строг кон самиот себе и кон другите, само тогаш талентот и знаењето ќе станат компас и кормило и ќе ви даваат навигација за да се одржува нешто што е добро и од Бога дадено. Изгледа дека е така и со мене и со фестивалот. Да бев всидрен на едно место, ќе немаше толку можности, проток, обнова и размена на енергии и искуства, подеми и падови, восклици и резигнации, пребродувања на искушенија, справувања со непогоди, (де)тронизации. Прв и последен ментор ми беше легендата Боро Драшковиќ, кој зазема и почесно место во Филмскиот совет. Во тој експертски совет се и Мимоза Рајл, Зејгам Азизов, Дрита М. Фазлија, Кристофер Лорд и др. Но најголем критичар и соборец ми е сопругата, која е рамноправен програмски креатор, и со неа ги споделувам и им пристапувам на сите енигми, кои навидум изгледаат нерешливи. И ете, тоа трае дваесет години... За среќа, тука се и сите мои најблиски, кои во моментите на големи кризи го помагаат „Астерфест“, на свој начин.
Јас сакам правичен третман и секако дека ме погодуваат неправдите. Низ проектите и трудовите честопати се навраќам и ги анализирам состојбите кои настанаа во моето родно огниште. Криво ми е што деструкцијата кон еден систем изгласан на референдумот од 1991 г. беше бескруполозно срушен и промената на името беше потпомогната токму од луѓе што ги знаеме.
Некои и се обидоа да ја ретушираат визионерската опомена на Блаже Конески дека Македонија е име „големо и ќе сакаат да ни го земат“. Така и со мојот, наш и ваш „Астерфест“, сите овие години битисуваме и кршиме копја да си го сочуваме тоа што е не само благословено туку во кое ги имаме вложено сиот животен самопрегор и авторитет. Но и покрај тоа, одредени структури се обидуваа да ни создадат препреки и да нѐ принудат да се откажеме со тоа што не ни одобруваа средства колку што заслужуваме, како и со други подмолни и примитивни методи. Горд сум што сме уште на своето, со чист ум и под тивериополско сонце, и сакаме да го задржиме потенцијалот кој гравитира околу оската на „Астерфест“, а за среќа, не сме слепи и гледаме колку троскот има околу нас.
С.М. Може ли да ни споделите како реагираат продуцентите и авторите кога ќе ги контактирате за прикажување на нивните филмови? Сте наишле ли на затворени врати, суети и недоверба?
Г.Т. Доблесните и големите луѓе се секогаш едноставни. Доволно е да им кажеш неколку збора и тие гледаат дека имаш визија и ти даваат ветер во едрата. На повеќето филмски пазари и саеми, како и на мноштвото фестивали каде што ме канат и на кои присуствувам, ги среќавам најмоќните и најважните луѓе од филмската индустрија, барем во оној домен што мене ме интересира, и култни автори и дебитанти. Иако не сум член на Друштвото на филмски работници кај нас, јас сум член на Европската филмска академија, имам директна линија со БАФТА и Американската филмска академија, со Кусометражната филмска конференција... Се случува секоја втора недела да сум во авион. Богата селекција не се прави од фотелја и по телефон. Треба да се биде на вистинското место, во метрополите и на фестивалите кои се расположени за соработка со „Астерфест“.
Секој има свој идол во различно време. Кога сме биле мали и млади сме имале еден вид идоли, сега имаме друг вид, ако сметаме дека припадноста кон идолите е еволутивен процес. На „Астерфест“ посебно и значајно место заземаат лауреатите, кои досега ги имало 29 (некои години беа по двајца или тројца). Сите тие реномирани личности дале свој печат во текот на нивното животно дело, за особен придонес во областите на филмската, ТВ и драмската уметност, како претставници на специфични авторски поетики и творечки опуси: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Мигел Ермосо, Боро Драшковиќ, Жарко Радиќ, Лаила Пакалнина, Салаетин Билал, Тимоти Бајфорд, Славко Штимац, Владимир Блажевски, Борис Геретс, Ларс Хенрик Гас, Карпо Година, Љупка Џундева, Боро Стјепановиќ, Киро Урдин, Борис Каваца, Вајт Хелмер, Коле Ангеловски, Џеки Шепард, Данчо Чеврески, Пиро Милкани, Јан Качер, Ким Лонгиното, Желимир Жилник, Каталин Ладик, Антонио Митрикески. Со самото нивното стапување на сцената пред платното на „Астерфест“, заедно со сите други, помлади и надежни филмски автори, тие ја испишаа филмската историја која секако ќе ја раскажеме и овековечиме во монографија, во догледно време.
А наредниот, 30-ти лауреат на „Астерфест“, ќе биде соопштен на еден од следните Тивериополски филмски настани.
С.М. Колку се важни личните контакти и познанства за квалитетен „Астерфест“?
Г.Т. Најважни. Некојпат помага и интуицијата, но пресудни се познанствата со уметниците и соработката со институциите. Организирањето фестивал е комплексен процес и бара многу парчиња во сложувалката да бидат правилно споени. Локалната поддршка на теренот, исполнителноста на сите чинители на екипата е исто така важна. Прилично важна е и дистанцата и чувството за мера. Но притоа професионалниот однос е пресуден. Треба да знаеш кога да заземеш став, кога да се спротивставиш. И никогаш да не правиш компромис на штета на квалитетот. Се стремиме секој прикажан филм да биде иститлуван и излекториран на чист јазик, со квалитетно платно и озвучение. Големо внимание посветуваме на деталите и луѓето што се на сцената, пред платното. Тие, всушност го прават амбиентот.
Поради природата на нештата и потребите, постојано сум во движење и комуницирам со автори и колеги, присутен сум и во поголемите светски културни центри, за периодично пак да му се навраќам на нашиот роден град, најмногу заради спроведувањето на еден животен проект наречен „Астерфест“.
С.М. „Астерфест“ низ годините е повеќе борба и исполнување на некаков креативен сон отколку лесна приказна која само треба да се менаџира. И покрај тоа, таа продолжува да расте и да опстојува. Како се наоѓа мотивација во вакви услови?
Г.Т. Знаете, исполнет сум ако им се полни душата на луѓето што седат во гледалиштето додека трае фестивалскиот настан. Тоа е трепет, вибрација што се осеќа. И авторите не ги кријат чувствата дека, додека се во Струмица на „Астерфест“, како да присуствуваат на припитомена територија. Амфитеатарот се покажа како доста практичен и симпатичен кинопростор. Во минатото проектиравме филмови и во Термата во Банско, Старото забавиште, НУЦК „Антон Панов“, Домот на АРМ, неостварена цел ни се проекции на Цареви кули. Први во новиот милениум на македонско тло започнавме да го спроведуваме концептот „патувачко кино“, а освен во Струмица, имаме реализирано бројни филмски активности и во Скопје, Битола, Штип, Охрид, Дојран, Тетово, Кратово, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Богданци, Пробиштип, Отешево, Ново Село, Василево, Босилово...
Здружението за култура и уметност „Астерфест филм фестивал“ од Струмица својот инспиративен импулс го црпи токму од уникатноста на струмичкото поднебје со сите негови знаменитости, откривајќи нови актуелни филмски предизвици, а наши цели се и дигитализацијата на визуелното наследство, едукацијата на нови генерации синеасти, како и интензивна афирмација на краткиот и документарен филм, со интерактивна размена на меѓународни искуства. Меѓу другото, вршиме и делотворна функција како афирматори на филмската уметност во урбаните средини, во помалите општини и во селата. Оваа сезона започнуваме и подинамична меѓународна промоција. Значи, не само во Македонија туку и во странство, зашто таму очигледно и повеќе е видлива и препознатлива мисијата на „Астерфест“.
С.М. Кои цели си ги поставувате за следните пет години, да речеме? Како ќе се обликува „Астерфест“ понатаму?
Г.Т. Пред сѐ, сакаме да сме реални, но и подготвени да излеземе од крстопатите. Имаме конкретна програма со нацрт за најмалку десет години. Очекуваме да се отвори зградата на старо-новиот театар и конечно да си го добиеме своето заслужено место. Би сакал, меѓу другото, да регрутираме соработници од сите генерации (иако многумина веќе се иселија), но чесноста во пристапот е најважен предуслов да се биде дел од мрежата на „Астерфест“. Сите тие креативни души, и роднокрајци и гости, сесрдечно ги прифаќаме, сите се нераскинлив дел од оваа традиција.
И понатаму ќе го (пре)откриваме спојот помеѓу античките, словенските и современите културни правци, преку изразните средства на филмот и сродните уметнички кодови. Ќе правиме вивисекција и компарација на старите и новите вредности, ќе работиме на поттикнување на културниот туризам, ќе ја практикуваме тезата дека филмот не е само уметност и наука туку е и општограѓански феномен. Ќе се бориме за препознавање на црното и белото во општеството и во културата. Ќе бараме засолниште од интригите на чаршијата и паланката, од контаминациите на духот и систематично ќе дејствуваме против агресивните и настрани појави.
Фактите кажуваат деќе веќе израснавме во институт на подвижни слики, дека сме фокусирани на авторскиот филм и таквата наша аудиовизуелна географија ќе ја збогатуваме со зацврстување на котите на „планетаризмот“.
И најпосле, во рамките на фестивалот ќе дејствува и Школата на „Астерфест“, како неформална, но со високи стандарди и со академски предавачи. Пренесувањето на знаењето и непрестајното ставање во погон на творечките лаборатории се наша примарна цел. Сакаме да ја продлабочиме и соработката со образовните институции, зашто е многу важно развивањето на филмската писменост уште од мала возраст.
И ако, макар привремено, ги оставиме легендите, митовите и фактите, повторно ќе се соочиме со ѕвездените мигови. Со филмска брзина ќе наидеме и на Астерион и на Тивериопол, и пак на Струмица, но заеднички именител секогаш ќе биде македонското небо. Небо со ѕвезди, небо на ѕвезди. Под него се приказните за драматичните и сѐ уште неекранизирани струмички судбини. На тоа наше тло на немирни духови – се тркала вечната и тајна историја.
А мојата лична носталгија кон нештата што ги посакувам, ќе биде зацелувана со работа. Со нови дела. Со љубов.

ЗЕНИТ, бр. 12-13, 2024, 19-26 стр.